Анти-VEGF терапијата во офталмологијата е важен метод за лечење на одредени очни заболувања кои вклучуваат абнормален раст на крвни садови во окото. Постапката е едноставна и кратка и се изведува под локална анестезија. Оваа терапија е особено значајна за лекување на следните состојби:
- Влажна макуларна дегенерација (AMD): Во влажната форма на AMD, абнормални крвни садови растат под макулата (делот на ретината што обезбедува остар вид), причинувајќи отоци кои можат да доведат до брз губиток на фокусирањето и видот.
- Дијабетична ретинопатија: Кај напредни стадиуми на оваа болест, анормален раст на крвни садови може да се појави на ретината, што може да доведе до крварење или оток.
- Макуларен едем: Оваа состојба, која најчесто се јавува во склоп на дијабетичната ретинопатија , вклучува оток околу макулата и се карактеризира со заматување и дисторзија на сликата. Едемот настанува со собирање на течност во макулата поради оштетените крвни садови.
- Оклузија на ретинални вени
- Миопска централна неоваскуларизација
- др. неоваскуларни болести
Генерално поради руптурата на крвните садови се создава ВЕГФ и стимулра создавање на нови абнормални крвни садови, процес наречен ангиогенеза, со што се иницираат нови крварења од новите крвни садови и ова води до влошување на состојбата. Со инхибиција на овој васкуларен ендотелен фактор за раст се запира овој процес на ангиогенеза и се превенира настанување на дополнителни компликации. Терапијата обично вклучува инјекции директно во стакловидното тело на окото, кои се администрираат во контролирани услови од страна на офталмолог. Инјекциите се даваат на неколку недели или месеци, во зависност од конкретната состојба и одговорот на третманот.
Анти-VEGF лекови одобрени од FDA: Bevacizumab, Ranibizumab, Aflibercept, Faricimab, Brolucizimab
Опис на постапката: На студентите ке им биде даден шприц наполнет со раствор а тие понатаму ќе треба да измерат соодветно растојание од лимбусот и да ја аплицираат инјекцијата на око од животинско потекло.
