Пленарно предавање бр.1

Доц. Др. Билјана Костовска
Систина офталмологија , Промедика, Скопје, Р.С Македонија
Факултет за медицински науки, Универзитет „Гоце Делчев“, Штип, Р.С Македонија
Email: biljana.kostovska@ugd.edu.mk
Индикации за витректомија
Вовед – да се прикажат релативните и апсолутните индикации, оперативните техники и постоперативниот успех по доаѓањето на пациентите со витректомија на нашата клиника во периодот од јуни 2023 до февруари 2024 година.
Материјал и методи – прегледани се 200 пациенти (пациенти со пролиферативна дијабетична ретинопатија, по операција на катаракта, ретинална васкулитис и тромбоза ВЦР), на возраст од 25 до 70 години и 49 пациенти со друга патологија на заден сегмент (аблација, траума, дијабетес и други промени). Сите пациенти се следат во предоперативна визуелна функција, тонометрија, ултразвук и ОКТ при макуларни промени.
Резултати – забележуваме подобрување на видната острина кај 2/3 од пациентите со витректомија и ¾ од пациентите со одлепување на мрежницата.
Заклучок – Пациентите со промени на задниот сегмент не се секогаш свесни за нивната состојба (особено кај пациенти со дијабетична ретинопатија). Матичните офталмолози имаат важна улога во навременото информирање за потребата од редовни контроли и можните компликации доколку не извршат операција. Витректомијата е сложена хируршка интервенција која се изведува само во витреоретиналниот хируршки центар и овозможува подобар и поефикасен живот кај пациенти со хронични и акутни заболувања на задниот сегмент.
Пленарно предавање бр.2

Доц. Др. Беким Татеши
Факултет за медицински науки, Универзитет „Гоце Делчев” – Штип, Универзитетска Клиника за Очни Болести – Скопје.
Email: bekim.tatesi@ugd.edu.mk
Минимална инвазивна хирургија на страбизам
Вовед: Минимална инвазивна хирургија на страбизам или Minimal invasive strabismus surgery – MISS technique е воведена како техника на хирургија на страбизам. Наместо до мускулите да се пристапи преку голем отвор, со оваа техника хируршките чекори ке бидат извршени преку мал отвор на коњунктивата.
Цел: Целта на овој труд е да се презентира минимално инвазивниот пристап на
хирургиjа на страбизам со што се намалува траумата на ткивата, постоперативните компликации, дискомфорот на пациентот, болничките денови и деновите на боледување.
Материјали и методи – Во оваа ретроспективна студија се обработени извештаи на резултатите од 324 оперирани пациенти. Во првата група се
вклучени 258 пациенти оперирани со МИСС техника, а во контолната група 66 пациенти оперирани преку лимбален пристап заради траума на око, хронични воспаленија или конверзија.
Резултати – На првиот постоперативен ден, во примарна позиција, црвенило беше едвај видливо кај 162 пациенти (50%) и само умерено црвенило беше видливо кај 62 пациенти (19%). Конверзија беше потребно да се направи кај 16 пациенти (5%) на пациенти.
Заклучок – Минималните инвазивни техники стануваат важни во речиси секое поле на хирургијата влучуваќи jа тука и oфталмохирургијата. Недостатоците се неможноста за поставување на прилагодливите шевови, зголемен ризик од перфорација на склера и подолг период на едукација и
усовршување. МИСС техниката е важна при реоперации затоа што се избегнува повторно
отварање на фиброзираната лимбална коњунктива, притоа се интактни поголемиот дел на перилимбалните еписклерални крвни садови и со тоа се намалува ризикот од појава на исхемија на предниот сегмент.
Клучни зборови – Лимбален пристап, МИСС техника, хирургија на страбизам.
